свет, Коронавирус

Бразилскиот претседател Болсонаро побара од граѓаните да престанат да се жалат поради епидемијата на Ковид-19

„Уште колку ќе лелекате на оваа тема? Уште колку ќе останете дома и ќе затворите сѐ? Веќе никој не може да го издржи тоа. Жалиме за смртните случаи, но мораме да најдеме решение.“

Emel Gözellik   | 05.03.2021
Бразилскиот претседател Болсонаро побара од граѓаните да престанат да се жалат поради епидемијата на Ковид-19

АНКАРА (АА) - Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро рече дека бразилскиот народ треба да престане да „лелека“ во однос на епидемијата на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на „Би-би-си“ (BBC), тој во своето обраќање на еден настан се осврна на епидемијата на Ковид-19.

Обраќајќи му се на бразилскиот народ, Болсонаро рече: „Уште колку ќе лелекате на оваа тема? Уште колку ќе останете дома и ќе затворите сѐ? Веќе никој не може да го издржи тоа. Жалиме за смртните случаи, но мораме да најдеме решение.“

Реагирајќи на изјавите на Болсонаро, гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дориа, рече дека Болсонаро е „избезумен човек“ кој ги нападнал гувернерите и градоначалниците додека тие се обидуваат да купат вакцини за да се стави крај на оваа епидемија.

„Како ќе се соочиме со проблемите, гледајќи како луѓето умираат секој ден? Здравствениот систем во Бразил е пред колапс", додаде Дориа.

Бразил е рангиран на второ место по бројот на смртни случаи и на трето место по бројот на случаи поради епидемијата на Ковид-19.

Според податоците на бразилското Министерство за здравство, во земјата во четвртокот починале 1.699 лица, а бројот на смртни случаи се искачи на 260.970.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın