свет, Коронавирус

Африка: Бројот на починати од Ковид-19 достигна речиси 83.000

Вкупната бројка на починати на африканскиот континент се зголеми на 82.893

Gökhan Kavak   | 22.01.2021
Африка: Бројот на починати од Ковид-19 достигна речиси 83.000

ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 3 милиони и 381 илјадa, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 3.381.034.

Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 82.893.

Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.821.948 лица.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19, како и откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Тунис, Мароко и Египет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın