свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи со Ковид-19 достигна речиси 1 милион

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 15.131 случај со Ковид-19

Adam Abu-bashal   | 06.08.2020
Африка: Бројот на откриени случаи со Ковид-19 достигна речиси 1 милион

АБУЏА 

Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 1 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 15.131 случај со Ковид-19.

Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 997.350.

Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 536 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 21.679.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 на овој континент се регистрирани во Јужноафриканската Република (9.298 смртни случаи), по која следуваат Египет (4.930 смртни случаи) и Алжир (1.261 смртен случај).

Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.

Во Африка излекувани се вкупно 677.201 лица од овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın