свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 4 милиони и 297 илјади

Во Африка од коронавирусот досега се опоравиле вкупно 3.852.038 лица

Adam Abu-bashal   | 04.04.2021
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 4 милиони и 297 илјади

АБУЏА (АА) (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 4 милиони и 297 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 4.297.439.

Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 113.928.

Во Африка од коронавирусот досега се опоравиле вкупно 3.852.038 лица.

Најмногу откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Тунис, Мароко, Египет, Етиопија и Нигерија.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република и Египет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın