свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 3 милиони и 278 илјади

Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 3.278.299.

Gökhan Kavak   | 18.01.2021
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 3 милиони и 278 илјади

ИСТАНБУЛ 

Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 3 милиони и 278 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 3.278.299.

Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 79.011.

Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.688.882 лица.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19, како и откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Мароко, Тунис и Египет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın