свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 646 илјади

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (18.408), по која следуваат Египет (6.109) и Мароко (2.878)

Adam Abu-bashal   | 18.10.2020
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 646 илјади

АБУЏА

Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 646 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.646.896.

Исто така, вкупната бројка на починати се зголеми на 39.622.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (18.408), по која следуваат Египет (6.109) и Мароко (2.878).

На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.

Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (702.131), по која следуваат Мароко (170.911) и Египет (105.297).

Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.352.639 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın