свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 436 илјади

- Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 436 илјади

Adam Abu-bashal   | 24.09.2020
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 436 илјади

АБУЏА

Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 436 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.813 случаи на Ковид-19.

Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.436.433.

Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 209 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 34.587.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (16.206 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.822) и Алжир (1.918 смртни случаи).

Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.

Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (665.188), по која следуваат Египет (107.743) и Мароко (102.375).

Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.180.677 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın