свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 достигна 2 милиони и 134 илјади

Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (778.571), по која следуваат Мароко (340.684) и Египет (114.475)

Adam Abu-bashal   | 27.11.2020
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 достигна 2 милиони и 134 илјади

АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 134 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 13.927 нови случаи на Ковид-19.

Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.134.283.

Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 297 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 51.033.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (21.289), по која следуваат Мароко (5.619) и Египет (6.596).

Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.

Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (778.571), по која следуваат Мароко (340.684) и Египет (114.475).

Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.800.753 лицa.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın