свет, Коронавирус

Африка: Бројот на излекувани од Ковид-19 надмина 1 милион 389 илјади

Во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.610 случаи на Ковид-19

Adam Abu-bashal   | 18.09.2020
Африка: Бројот на излекувани од Ковид-19 надмина 1 милион 389 илјади

АБУЏА

Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 389 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.610 случаи на Ковид-19.

Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.389.010.

Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 174 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 33.484.

Бројот на излекувани лица во Африка се искачи на 1.138.173.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (15.772), по која следуваат Египет (5.715) и Алжир (1.714).

Најмногу случаи со Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (655.572), по која следуваат Египет (101.641) и Мароко (94.504).

Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın