свет, Коронавирус

Австралиската држава Викторија регистрира рекордни 2.297 случаи на Ковид-19

Вкупниот број на случаи во југоисточната австралиска држава достигна 59.710, додека бројот на смртни случаи се искачи на 945

Islam Uddin   | 14.10.2021
Австралиската држава Викторија регистрира рекордни 2.297 случаи на Ковид-19

АНКАРА (АА) - Австралиската држава Викторија објави дека регистрирала над 2.297 случаи на Ковид-19, највисокиот број на случаи на дневно ниво откако започна пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според владиниот Оддел за здравство на Викторија во државата регистрирани се 20.505 активни случаи, од кои 706 се хоспитализирани.

Вкупниот број на потврдени случаи во Викторија од почетокот на пандемијата е 59.710. Со новите 11 смртни случаи, бројот на починати од вирусот се искачи на 945.

Околу 87.6 проценти од жителите на Викторија на возраст од 16 и повеќе години досега ја имаат примено барем првата доза од Ковид -19 вакцината, додека 63 проценти се целосно вакцинирани.

За да се забрза вакцинацијата, Викторија отвара мобилни пунктови за вакцинација низ населбите и тоа на приградските улици, во продавниците, теретаните и клубовите на заедниците.

Во целост, Австралија има аплицирано 31.4 милиони дози од вакцините против Ковид-19, а преку 52 проценти од популацијата е целосно вакцинирана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın