спорт, живот

Седумдесет и двегодишниот турски „Ајронмен“: „Сакам да станам светски шампион во триатлон“

Биди го засакал триатлонот пред седум години, на свои 65 години. Оттогаш, тој учествува на голем број натпревари, а колкава е неговата љубов кон овој спорт го потврдуваат и двете втори места, на европски и светски натпревари.

Oktay Özden  | 18.09.2021 - Обновена : 20.09.2021
 Седумдесет и двегодишниот турски „Ајронмен“: „Сакам да станам светски шампион во триатлон“ Фото: Mustafa Çiftçi/AA

АНТАЛИЈА (АА) - ОКТАЈ ОЗДЕН -

Али Биди, 72-годишник од турскиот град Анталија, меѓу пријателите е познат како „Ајронмен“, а тој прекар го добил поради неговата голема љубов кон триатлонот.

Биди го засакал триатлонот пред седум години, на свои 65 години. Оттогаш, тој учествува на голем број натпревари, а колкава е неговата љубов кон овој спорт го потврдуваат и двете втори места, на европски и светски натпревари. Моментално се подготвува за Светското првенство.

Биди е триатлонец кој има три деца и седум внуци, а во последните 10 дена учествуваше на Балканското триатлон првенство што се одржа во Србија, и на Интерконтиненталниот триатлон на Босфорот.

Особено е среќен поради учеството на Истанбулскиот интерконтинентален триатлон.

За тоа како го засакал овој спорт, Биди говореше за Агенција Анадолија (АА). Тој раскажува дека по отслужувањето на воениот рок заминал да работи во Германија, каде поминал 16 години, по што се вратил во својата татковина и започнал сопствен бизнис.

Вели дека во текот на работниот живот, поради напорната работа, немал време да се посвети на спортот, а првиот контакт со спортот го имал пред 20 години, кога започнал да игра тенис. Пред седум години се испробал и во триатлонот.

Првиот триатлон го истрчал во 2015 година и тогаш беше шампион на Турција во категоријата над 60 години. Тој ја претставуваше својата држава на триатлонот одржан во Женева.

„Триатлонот ме мотивираше многу. Напреднав и станав репрезентативен. Двапати го освоив второто место на Европското првенство во пливање на 1,9 километри, возење велосипед 91 км и 21 км трчање. Во истата категорија го освоив и правото да учествувам на Светското првенство кое треба да се одржи во Нов Зеланд 2022 година. Мојата цел е да станам светски првак. Ако остварам успех таму, ќе учествувам на првенството на шампиони во САД. Чекор по чекор ги постигнувам моите цели. Во триатлон имам две светски втори места во стандардно пливање 1,5 километри, возење велосипед 40 километри и трчање 10 километри“, објаснува Биди.

Открива дека период од животот поминал во борба со болест, а кога се запознал со спортот престанал да пие лекови.

„Сфатив дека спортот е најдобриот лек. Не користам никакви лекови. Здравјето е најважното богатство на светот. Жал ми е за оние што велат „немам време за спорт“. Ги замолувам сите да вежбаат редовно. Секој може да биде Али Биди и да живее здраво. Велат: „70 години, готово е“, оваа изрека не се однесува на мене. Се чувствувам како да имам 30 години. Навистина, мојата биолошка возраст беше 33 години на тестот што го правев“, рече Биди.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.