живот

„Пача“ - незаменлив дел од ифтарските софри во Скопје

Граѓаните на Скопје, покрај разните тестени производи и јадења со месо, рамазанските софри ги красат и традиционални јадења

Furkan Abdula   | 15.05.2019
„Пача“ - незаменлив дел од ифтарските софри во Скопје

СКОПЈЕ (АА) – ФУРКАН АБДУЛА –

Муслиманите во Скопје, за време на Рамазан, со години, за ифтар (кога завршува дневниот пост) и суфур (кога почнува дневниот пост) подготвуваат разни специјалитети. Оваа посветеност продолжува и денес со ист ентузијазам, пишува Anadolu Agency (AA).

Како и во многу други делови од светот, муслиманите во Скопје рамазанските софри ги подготвуваат со голема посветеност.

Граѓаните на Скопје, покрај разните тестени производи и јадења со месо, рамазанските софри ги красат и традиционални јадења. 

Традиционалниот вкус на јадењето наречено „пача“ е незаменлив дел од ифтарските софри во Скопје. 

„Пачата" ретко се користи за време на другите месеци, и затоа е вкус препознатлив на ифтарските софри. 

„Пачата" се подготвува од брашно, јајца, јогурт, лук, оцет, сол, масло и црвен пипер кој не е лут, и се става на чело на ифтарските софри во Скопје. 

Во принцип, „пачата" се консумира веднаш по чорбата, а пред главното јадење. Бидејќи е лесен оброк, таа е незаменлив дел на ифтарските софри. 

Скопјанката Мелек Шабан (71), во разговор за Anadolu Agency (AA) говореше за рамазанската традиција во Скопје и вкусовите што се служат на ифтарските и суфурските софри. 

Истакнувајќи дека ифтарските традиции успеале да ги пренесат во денешницата, Шабан рече дека јадењата што ги подготвувала во младоста сѐ уште ги красат ифтарските софри. 

Нагласувајќи дека подготовката за ифтарската софра започнува многу порано, рече: „Софрата се подготвуваше 20 минути пред да се започне со јадењето. Се собиравме на софрата и се молевме. Се правеше шербет од розова вода.“ 

Истакнувајќи дека „пачата" и ќофтињата се меѓу најзначајните јадења на ифтарските софри, Шабан рече дека покрај нив, софрата ја красат и разни други вкусови како што се чорба, јанија, бамји, сарми, кадаиф, баклава и шеќерпаре. 

Таа потсети дека веднаш по прекинувањето на постот се клања вечерната молитва, а потоа се продолжува со јадењето. 

Мелек нагласи и дека „пачата" е лесна храна и дека затоа се користи на ифтарските софри.

„Се јадеше, се стануваше од софра. Потоа се пиеше кафе без шеќер за да се вари храната. Потоа се правеше муабет. Терави намаз (молитва за време на Рамазан) се клањаше дома. Потоа се пиеше чај. Поминувавме многу добри денови.“ 

Мелек Шабан, наведувајќи дека повозрасните жени во семејствата ги научиле младите девојки да готват, нагласи: „Се разбира, постарите ги учеа помладите. Ние не знаевме што е замор. Немаше замор кај нас. Бевме многу расположени кога имаше гости. Ни се причинуваше како да нѐ хранат ангелите.“

Таа, исто така истакна дека за време на суфур, заедно со компот и ајран (матеница) повеќе се консумирал лиснат бурек и мантии подготвени со месо и кромид, бидејќи јадењата од тесто го заситуваат човекот подолго време. 

„Во минатото за суфур повеќе се јадеше бурек. Затоа што бурекот ве заситува подолго време. Ако денот беше долг, бурекот се подготвуваше попладне, а се печеше за време на суфур. Кога денот беше краток, бурекот се готвеше по терави намазот“, рече Мелек Шабан. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın