свет, живот

„Иранците годишно трошат околу 1 милијарда долари за цигари“

- „За болестите предизвикани од цигарите се трошат 3,5 милијарди долари“, информираше проректорот на Медицинскиот универзитет во Техеран, Абдурахман Рустемијан

Khalilur Rahman Salahshoor,Mustafa Melih Ahıshalı   | 16.01.2019
„Иранците годишно трошат околу 1 милијарда долари за цигари“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Проректорот на Медицинскиот универзитет во Техеран, Абдурахман Рустемијан, истакна дека во Иран годишно се трошат околу 1 милијарда долари за цигари и производи од тутун, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на интернет-страницата на Министерството за здравство на Иран, проректорот на Медицинскиот универзитет во Техеран, Рустемијан, имаше свое обраќање на Конференцијата за цигари и здравствена политика организирана во главниот град на оваа земја, Техеран.

„Иранците годишно трошат околу една милијарда долари за цигари и производи од тутун“, рече Рустемијан.

Рустемијан информираше дека за болестите предизвикани од цигарите се трошат 3,5 милијарди долари, и дека тоа треба да се спречи.

Според него, употребата на тутун за 10 години се зголеми од 2.000 на 15.000 тони, а, како што рече тој, една од мерките што може да се преземе е да се спречи лесниот пристап до цигари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın