живот

Џеф Безос купи огромна вила за 165 милиони долари

Вилата се наоѓа на површина од 36.000 квадратни метри, а содржи два одвоени пансиона, тениски терен, базен, терен за голф и голем број други содржини

Emre Aytekin   | 13.02.2020
Џеф Безос купи огромна вила за 165 милиони долари

АНКАРА (АА) - Американскиот милијардер Џеф Безос, основач и директор на компанијата „Амазон“, купи огромна вила за 165 милиони долари во Беверли Хилс, Лос Анџелес, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што наведува магазинот „Форбс“, се работи за вила што во 1937 година е изградена за Џек Ворнер, еден од основачите на филмското студио „Ворнер брос“.

Ова е најголемата парична сума платена за имот во Лос Анџелес.

Вилата се наоѓа на површина од 36.000 квадратни метри, а содржи два одвоени пансиона, тениски терен, базен, терен за голф и голем број други содржини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.