свет, живот

Јапонскиот парк Инокашира со доаѓањето на пролетта привлекува големо внимание кај посетителите

Отворен во почетокот на 20 век, паркот Инокашира е познат во јапонската култура и во туристичката литература како подарок од јапонскиот цар за жителите на главниот град

Ahmet Furkan Mercan   | 11.04.2021
Јапонскиот парк Инокашира со доаѓањето на пролетта привлекува големо внимание кај посетителите Фото: Ahmet Furkan Mercan/AA

ТОКИО (АА) - АХМЕТ ФУРКАН МЕРЏАН -

Паркот Инокашира, што се наоѓа во западниот дел на Токио, главниот град на Јапонија, секоја година го привлекува вниманието на домашните гости, но и на странските туристи, пишува Агенција Анадолија (АА).

Паркот, познат како зелена оаза, е едно од местата кое во пролетните месеци го посетуваат голем број луѓе за да се одморат и да уживаат во природните убавини на овој јапонски скапоцен камен.

Отворен во почетокот на 20 век, паркот Инокашира е познат во јапонската култура и во туристичката литература како подарок од јапонскиот цар за жителите на главниот град.

Во паркот, што се наоѓа помеѓу подрачјето на Мусашино и Митака во западниот дел на главниот град и се протега на површина од околу 380 илјади квадратни метри, се наоѓа и езерце на кое посетителите можат да уживаат во веслањето со чамци.

Во паркот има над 10.000 стебла, меѓу кои и сакура, позната како дрвото со цвет на цреша кое не дава плодови, како и чемпреси, црвен бор и габер.

Овој парк под сенката на стотици високи дрвја е дом на разни видови птици, каде луѓето се опуштаат од секојдневната динамика на животот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın