живот

Црн леопард снимен во Африка по 100 години

Ник Пилфолд од Зоолошката градина во Сан Диего и неговата екипа, на почетокот од минатата година во резерват на подрачјето Лаикипија, во Кенија, поставија камери кои снимија црн леопард

Gamze Türkoğlu Oğuz   | 13.02.2019
Црн леопард снимен во Африка по 100 години

Ankara

АНКАРА (АА) - По 100 години во Африка е снимен редок вид црн леопард, јавува Anadolu Agency (AA).

Ник Пилфолд од Зоолошката градина во Сан Диего и неговата екипа, на почетокот од минатата година во резерват на подрачјето Лаикипија, во Кенија, поставија камери кои снимија црн леопард.

Во Кенија отишле откако добиле информација за појавата на реткиот вид леопард на ова подрачје.

Пилфолд појасни дека во светот постојат 11 отсто леопарди со црно крзно и дека поголемиот дел живеат во југоисточна Азија. Тој изјави дека црните леопарди се ретки во Африка и дека последен пат се забележани во далечната 1909 година во Етиопија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın