Турција, живот

Турција: Бројот на склучените бракови во 2020 година е најнизок во последните 20 години поради Ковид-19

- Прв пат од 2001 година, брoјот на паровите што се венчале падна под 500.000

Tuba Şahin   | 27.02.2021
Турција: Бројот на склучените бракови во 2020 година е најнизок во последните 20 години поради Ковид-19

АНКАРА

Бројот на браковите склучени минатата година во Турција е на најниско ниво во последните 20 години, што е последица на забраната за собирање, венчавки и прослави, што е во сила поради коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Прв пат од 2001 година, бројот на паровите што се венчале падна под 500.000, покажаа податоците на Заводот за статистика на Турција, што ги собра Агенција Анадолија (АА).

Достигнувајќи максимум од 641.973 бракови во 2008 година, бројките паднаа за 10,1 отсто, односно на 487.270 во 2020 година.

Бројот на склопените бракови во однос на бројот на жителите беше 0,584 отсто минатата година, што е најниско од 2001 година.

Минатата година се разведоа 135.022 двојки, што е помалку за 13,8 отсто во однос на претходната година.

По првиот регистриран случај на коронавирусот во Турција на 11 март минатата година, преземени се превентивни мерки, со цел борба против вирусот.

Траењето на венчавањето е ограничено на еден час, а прославите со музика и сервирање храна не се дозволени.

Вкупно 30 лица, вклучувајќи и роднини, може да присуствуваат на венчавките и погребите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın