живот

Турски онколог: „Ракот во рана фаза може да се излечи без операција"

„Со користењето на посебна технологија можеме да ги излекуваме пациентите во еден ден, без анестезија, хируршки зафат и без нарушување на квалитетот на животот“, изјави Шахин.

Havva Kara Aydın   | 08.02.2021
Турски онколог: „Ракот во рана фаза може да се излечи без операција"

АНТАЛИЈА

Турскиот онколог Ајлин Фидан Корџум Шахин изјави дека некои видови на карциномот може да се излечат во рана фаза без операција, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Со користењето на посебна технологија можеме да ги излекуваме пациентите во еден ден, без анестезија, хируршки зафат и без нарушување на квалитетот на животот“, изјави Шахин.

Докторката која воедно е и декан на Медицинскиот факултет на Универзитетот Акдениз, истакна дека брзо напредувале во лекувањето на ракот благодарение на технолошкиот напредок.

„Кога рано се дијагностицираат, може да се излечат и генетски пренесените карциноми“, изјави Шахин.

Таа додаде дека усвојувањето на одредени начини на живот може да го намали ризикот од заболување од рак.

„За тоа е потребен здрав начин на живот од детство“, нагласи Шахин.

Таа додаде дека бројот на случаи на карцином на глава, врат и бели дробови, особено мочниот меур и дојката, се зголемил во последните години, воглавно поради пушењето.

„Забележан е и мал пораст на бројот на тумори на мозокот“, изјави Шахин и додаде дека помалите тумори може да се лекуваат во еден ден со интервенции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın