ГАЗА (АА) - Тригодишниот Ахмед Шабат од Газа преживеа три брутални израелски напади и сега се лекува во болницата Шухада ал Акса во Деир ал Балах, јавува Анадолу.
Детенцето, кое сѐ уште не е ни свесно што се случувало изминативе недели во Газа, во првиот напад на 7 октомври ги загубил родителите и четирите браќа и сестри, по што за него се грижеле роднините на татко му.
По вториот напад во населбата Шеик Радван, каде што ги загубил роднините на својот татко, малото момче било сместено кај вујко му во училиштето на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) во бегалскиот камп Нусејрат.
Таму доживеале трет израелски напад во кој загинал вујко му, а Ахмед бил тешко повреден поради што лекарите морале да му ги ампутираат двете нозе над колената.
Лекарите истакнуваат дека момчето постојано ги бара родителите, сака да стане и оди. Не е свесно дека родителите му се мртви, а нозете ампутирани.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври. Оттогаш загинаа најмалку 11.500 Палестинци, вклучително околу 7.900 жени и деца, а над 29.800 се повредени.
Илјадници згради, вклучително болници, џамии и цркви, беа оштетени или уништени во израелската офанзива.
Бројот на загинати Израелци од 7 октомври досега изнесува околу 1.200.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.