живот

Традиционалните рамазански пазари во Малезија и покрај пандемијата ги красат улиците

Еснафот на овие пазари ги отвора тезгите попладне, кога почнува да се намалува температурата, додека купувачите еден час пред ифтарот ги посетуваат овие пазари со цел да купат производи за ифтар.

Ömer Faruk Yıldız   | 24.04.2021
Традиционалните рамазански пазари во Малезија и покрај пандемијата ги красат улиците ( Foto: Syaiful Redzuan / Anadolu Agency )

КУАЛА ЛУМПУР

Традиционалните рамазански пазари, што секоја година во месецот на постот Рамазан се поставуваат на фреквентните улици на Малезија, и покрај мерките преземени против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) им овозможуваат на муслиманите да ја искусат рамазанската атмосфера, јавува Агенција Анадолија (АА).

На стотици тезги поставени една до друга се изложуваат бројни различни јадења, традиционални слатки и тропски сокови од различни кујни во светот, од Малезија, Азија, Средниот Исток и Западот.

Еснафот на овие пазари ги отвора тезгите попладне, кога почнува да се намалува температурата, додека купувачите еден час пред ифтарот ги посетуваат овие пазари со цел да купат производи за ифтар.

Рамазанските пазари, што секоја година се поставуваат во Малезија, минатата година за прв пат беа забранети поради полицискиот час прогласен во рамки на мерките против Ковид-19.

Владата оваа година даде дозвола за поставување на рамазанските пазари со помал број тезги, додека бројот на посетители што во исто време може да ги посетат пазарите е ограничен на 800 лица. Колективните ифтари што се организираат на улиците на кои се поставени пазарите, оваа година се забранети поради ризикот од пандемијата.

Муслиманите од Малезија и покрај рестрикциите донесени поради мерките против пандемијата, уживаат во рамазанските пазари.

Рамазанскиот пазар поставен на плоштадот „Независност“ во Куала Лумпур е познат како најфреквентниот и најпознатиот пазар во градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın