живот

Со една рака отпадните предмети ги претвора во уметност

Во местото Тургутлу во турската област Маниса, 46-годишниот Ердинч Улуоглу, кој не е во можност да ја користи десната рака поради парализа додека бил бебе, го привлекува вниманието со делата што ги изработува од отпадни дрвени предмети.

Kamil Tekmen   | 10.04.2021
Со една рака отпадните предмети ги претвора во уметност

МАНИСА

- Камил ТЕКМЕН


Во местото Тургутлу во турската област Маниса, 46-годишниот Ердинч Улуоглу, кој не е во можност да ја користи десната рака поради парализа додека бил бебе, го привлекува вниманието со делата што ги изработува од отпадни дрвени предмети.

Улуоглу работи како државен службеник во Тургутлу, оженет е и татко на две деца. Потешкотиите поради неможноста да ја користи раката поради доживеаната парализа во детството ги надминал со поддршка на неговиот учител и на семејството.

Улуоглу се ослободил од негативната психологија поради својот хендикеп свртувајќи се кон уметноста, а во овој период покажува интерес за калиграфијата и за „wood burning“ (горење на дрвена површина). Улуоглу, кој се занимава со резба во дрво последните 3 години, генерално користи отфрлени предмети за своите дела.

Улуоглу, напредувајќи во уметноста и покрај тоа што користи само една рака, со изработените дела предизвикува воодушевување кај оние што имаат можност да ги видат.

Ердинч Улуоглу за Агенција Анадолија (AA) рече дека секое дрво во суштина поседува сопствено искуство, исто како и сите суштества во универзумот, па затоа се труди при изработката на неговите дела да не ја расипе текстурата на дрвото.

Зборувајќи дека го дава својот придонес во опстанокот на дрвјата со тоа што оние парчиња што другите ги користат за греење или ги фрлаат, тој ги користи во своите дела, Улуоглу рече дека неговиот интерес за дрвото и дрвените предмети започнал со сликањето во текот на школските години и работејќи на горењето на дрвената површина со гледање видеа, без да посетува каков било курс.

Зборувајќи дека секојдневно ја подобрува својата уметност, Улуоглу истакна: „Моите цртежи започнав да ги пренесувам во моите трудови со горење на дрвена површина. Подоцна, започнав да правам мали подароци за моите пријатели во мојата домашна работилница. Подоцна се запознав со стругот и дрвото, и тоа беше вистинскиот почеток за мене.“


- „Сакав да покажам дека отфрлените материјали можат да бидат естетски“

Изјавувајќи дека започнал да работи попрофесионално благодарение на поддршката што ја добил од неговата блиска околина, Улуоглу рече: „Сакав да покажам дека некои работи кои се искривени, скапани и безвредни за луѓето, всушност можат да бидат естетски. Пријателите ми помагаат во врзувањето на дрвото, неговото фиксирање на струг. Со предметите што ги изработувам всушност имам намера да покажам дека тие се поврзани со надежта, самодовербата и трудот. Според повратните информации што ги добивам, забележувам дека сум успешен, макар тоа било и делумно. Се гордеам што моите дела им се допаѓаат на луѓето.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın