живот

Снежен рак во Јапонија продаден за 46 илјади долари

На аукцијата на пристаништето во градот Тотори, снежниот рак долг 14,6 сантиметри и тежок 1,2 килограми е продаден за околу 46 илјади долари

Emel Öz Gözellik   | 07.11.2019
Снежен рак во Јапонија продаден за 46 илјади долари Фото: АА/Архива

АНКАРА (АА) – Снежен рак, од првиот лов на снежни ракови во западна Јапонија, е продаден за 5 милиони јапонски јени (околу 46 илјади американски долари) пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на новинската агенција „Кјодо“, на аукцијата што се одржа на пристаништето во градот Тотори, снежниот рак долг 14,6 сантиметри и тежок 1,2 килограми е продаден за околу 46 илјади долари.

Соопштено е дека тоа е рекордна цена на продаден снежен рак досега.

Канемаса Хамашита Шотен, одговорно лице на компанијата, кој го купи снежниот рак, истакна дека снежниот рак ќе биде продаден на ресторан од трговската област Гинза во Токио.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın