свет, живот

Сирија: Таткото болен од карцином, оставен без дом, чека помош за децата да не останат гладни на ифтар

„Во деновите кога не работиме, заспиваме гладни. Во деновите кога собираме пластика, загарантиран ни е нашиот ифтар. Работиме до вечер и заработуваме 1 долар...“

Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan   | 30.04.2021
Сирија: Таткото болен од карцином, оставен без дом, чека помош за децата да не останат гладни на ифтар Фото: Bekir Kasım/AA

АЛ БАБ (АА) - ОМЕР КОПАРАН -

Али Калај од Алепо, Сирија, болен од карцином, кој го напушти својот дом поради нападите на режимот на Башар ал Асад и се засолни во еден разурнат карван-сарај - османлиски објект во областа Баб северно од Сирија, чека помош за неговите деца да не останат гладни на ифтар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Семејството Калај, како дел од присилното иселување во Алепо во 2016 година, се смести во областа Баб, кој беше исчистен од терористите со турската операција „Штитот на Еуфрат“.

Карван-сарајот, кој бил изграден за трговците за време на османлискиот период, а сега постои само како урнатина, стана засолниште на осумчленото семејство Калај, кое се бори да преживее.

Таткото Али Калај, кому му е дијагностициран карцином на простата во периодот кога Алепо беше под опсада од режимските сили во 2016 година, не можел да се лекува поради немањето пари.

Калај во Алепо пред почетокот на граѓанската војна заработувал за живот продавајќи зеленчук. Во областа Баб се обидува да заработи за живот собирајќи хартија и пластичен отпад со помош на својот 12-годишен син.

Семејството Калај, кое се наоѓа во големи финансиски тешкотии, за ифтар поголем број денови јаде само сув леб, вода и сос од домати.

- „Тој ден кога не работиме, заспиваме гладни“ -

Таткото Калај, кој е многу тажен поради тоа што неговите деца остануваат гладни, сака на неговото семејство да му се помогне за време на светиот месец Рамазан.

Калај (39) за дописникот на АА се осврна на нивната борба за опстанок и тешкотиите со кои се соочуваат.

„Пред околу една и пол година, мигриравме во Баб во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“. Немавме можности, но не сакавме да живееме во шатор. Најдовме место во урнатините. Почнавме да живееме тука со моите шест деца и сопругата. Хуманитарните луѓе околу нас, внатре во старата градба ни изградија тоалет и кујна“, нагласи Калај.

Истакнувајќи дека не може да се лекува поради немањето финансиски средства, Калај рече дека го запоставил своето здравје грижејќи се за своите деца.

„Рамазан не се разликува од другите денови. Излегуваме да собереме отпадна пластика и хартија наутро со мојот 12-годишен син. Не се одмораме ниту еден ден. Во деновите кога не работиме, заспиваме гладни. Во деновите кога собираме пластика, загарантиран ни е нашиот ифтар. Работиме до вечер и заработуваме 1 долар. Во моментов се обидуваме да заработиме за леб за ифтар и сехур“, нагласи Али Калај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın