живот

Сирискиот бегалец по неколку години повторно ќе биде заедно со своето семејство

Идната седмица, најверојатно, Нури ќе се сретне со своето семејство и како што се надева празникот Рамазан Бајрам ќе го дочека со своите најблиски

Toni Avramov   | 10.06.2017
Сирискиот бегалец по неколку години повторно ќе биде заедно со своето семејство (Toni Avramov/AA)

Gevgelija

ГЕВГЕЛИЈА (АА) – ТОНИ АВРАМОВ

Судбини, животни приказни и несреќи памети транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија кој веќе повеќе од две години е прифатилиште за бегалците кои најчесто доаѓаат од Блискиот Исток. Токму во ова прифатилиште за бегалци порано дневно поминуваа илјадници бегалци, додека денеска во него престојуваат десетина лица.

Понекогаш во тој сплет од неизвесности ќе сретнеме и некоја среќна приказна. Нури Штаат од Сирија, бегалец во кампот „Винојуг“ веќе година и два месеца ги минува деновите чекајќи ја својата среќа, чекајќи ја германската виза. Неговата приказна започнува таму каде што завршува патешетсвието и страдањата на неговото петчлено семејство во Сирија.

Тој останува дома, во својата родна земја, затоа што немал средства да замине. Фармата и нивите што ги поседувал ги продал, но со парите заминале само неговите најблиски, тој останал со надежта дека можеби ситуацијата во Сирија ќе се промени кон подобро, но секој нов месец му носел само повеќе зла, така што тргнал како бегалец за да се придружи на семејството на патот кон Германија.

- Патот на надежта го довел во Македонија, а семејството заминало за Германија

Иако Нури не открива како стигнал во Атина, сепак и овде на Балканот не го пречекале среќни околности. Од Атина до Идомени патувал со автобус, но немирите од минатата година кои беа актуелни во Идомени, Република Грција, и нетрпението на бегалците ги доживел и тој, за да конечно добие документи за влегување во Македонија.

Патувањето ќе го искушува секогаш, од родината, па до пристигнувањето во транзитниот центар во Табановце. Надевајќи се дека конечно ќе ја мине македонската граница и ќе продолжи на север, му соопштуваат дека балканската рута за бегалци е затворена. Нури, поради тоа што сметал дека условите за престој се подобри во транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, се враќа назад започнувајќи ја правната битка за добивање виза за Германија.

„Никогаш не изгубив надеж дека ќе стигнам во Германија. Овде времето го искористував за да го учам германскиот јазик, го искористував секој момент, учев дури и по осум часа на дена за кога стигнам во Германија да го знам јазикот“,вели Нури Штаат во разговор за Anadolu Agency (AA).

Во обидот да се најде решенија најмногу помага Црвениот крст на Македонија кој разгледувајќи го неговиот проблем му дава надеж дека тој може да се реши.

„Кога ги поднесов документите, ги поднесов без пасош.Ми кажаа дека мора пасош, но со службите од Црвен крст, добив надеж. Ми кажаа дека од МВР може да се издаде некоја потврда, некој документ како патна исправа, а подоцна со помош на некои други организации, добив одговор дека врз основа на тој документ можам да добијам германска виза“, раскажува Нури.

- Правна разрешница на случајот со бегалецот Нури

На ова се надоврзува Анамарија Шрам долгогодишен волонтер во Секторот за воспоставување при семејни врски при Црвениот крст во Република Македонија, која од самиот почеток работела на решавање на правните пречки во случајот на сирискиот бегалец Нури, со цел да ги добие потребните документи за да ја добие германската виза во изјава за АА вели дека патот до добивање на визата не бил ниту малку лесен. Таа вели дека од германската амбасада постојано напоменувале дека е потребно бегалецот да има пасош на кој би можела да биде доставена визата.

Со помош и во соработка со останатите невладини присутни во кампот и помошта од страна на граничната полиција и МВР- Секторот за странци, успеале да дојдат до иницијатива до идеа и помош од нивна страна како да ја комлетираат потребната документација за да Нури ја добие германската виза.

„Во консултација и контакт со адвокатот од страна на на неговото семејство во Гемранија успеавме да докомлетираме дел од потребните документи и успеавме да ја изготвиме и изнудиме привремената патна исправа односно пасошот за странци кој беше добиен од секторот за странци од МВР и очекуваме во текот на следната недела господинот Нури да биде соедниет со неговото семејство во Германија", вели Шрам.

Како што објасни, само на пасош може да се аплицира визата и не постои никаков документ на кој би можело да се аплицира истата.

„Со помош на правниците кои правно ги застапуваат бегалците во кампот, Министерството за труд и социјалната политика и гранична полиција каде што успеавме да ги собереме документите и од страна на МВР да го добиеме пасошот за странци за да се добие визата", раскажа Анамарија, додавајќи дека од германска амбасада добиле позитивен одговор дека веќе визата е добиена.

Сега веќе процедурата е завршена, само се чекаат само некои формалности кои треба да се завршат.

- Месецот Рамазан ми донесе среќа и бериќет

Идната седмица, најверојатно, Нури ќе се сретне со своето семејство и како што се надева празникот Рамазан Бајрам ќе го дочека со своите најблиски. Раскажува дека никогаш не изгубил надеж, дека верата и празникот Рамазан му донеле бериќет. Според него, суштината на животот е во еднаквоста на луѓето, тоа го забележал и овде во Гевгелија, затоа што сите добро се однесувале со него.

Како што раскажува, од овде ќе понесе убави спомени, за жал од несреќни околности, во своите сеќавања ќе ги чува среќните денови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın