свет, живот

Сеќавање на Малколм Икс, симболот на борбата против расизмот во САД

На 21 февруари 1965 година, Малколм бил застрелан додека имал свое обраќање во Харлем во Њујорк

Ekip   | 21.02.2021
Сеќавање на Малколм Икс, симболот на борбата против расизмот во САД

ЊУЈОРК

Денес е 56-годишнина од смртта на американскиот муслиман Малколм Икс, бранителот на човековите права, јавува Агенција Анадолија (АА).

Малком Екс, кој во борбата против расизмот се обиде да ја елиминира поделбата помеѓу белците и црнците со учењата на исламот за толеранција и братство, бил убиен на 21 февруари 1965 година, кога бил погоден од страна на тројца вооружени насилници додека имал свое обраќање во Њујорк.

- Борецот за каузата и слободата: Малколм Икс

Вистинското име на Малколм Икс е Малколм Литл, а е роден во 1925 година како син на проповедникот Ерл Литл, кој верувал дека афроамериканците нема да ги добијат слободите и дека тие треба да се вратат во Африка.

Таткото на Малколм бил убиен од непознат сторител кога Малколм имал 5 години, додека неговата мајка била сместена во болница за ментално здравје. По детството што го поминал во сиромаштија и тешкотии, во 1946 година бил осуден на доживотна затворска казна.

Во овој период, Малколм Икс ги прифатил идеите на Елајџа Мухамед, лидерот на движењето „Нација на исламот“ („Nation of Islam“), кое го бранеше национализмот во боја. Тој се приклучил на ова движење откако бил ослободен од затворот во 1952 година. Од овој период, Малколм почнал да го користи презимето Икс, во знак на застапување на презимињата од африканските предци. Благодарение на неговата харизматична личност, неговата енергија, неговите зборови, тој брзо станал еден од главните ликови на ова движење.

Во текот на времето, Малколм Икс имал несогласувања со Елајџа Мухамед во врска со фокусот на движењето, користените методи и ставовите кон религијата. Во 1964 година, тој го напуштил движењето „Нација на исламот“ („Nation of Islam“), а веднаш потоа ги посетил светите места за аџилак, каде што, како што викал тој, го видел духот на единството и братството на луѓето од сите бои од целиот свет.

Во последниот период од неговиот живот, тој ја бранел потребата за разбирањето на исламската религија за решавање на проблемот со расите во американското општество и борбата за човековите права, земајќи го како база братството помеѓу сите раси. Во текот на овој период, тој почнал да го употребува името Ел Хаџ Малик ел Шабаз.

На 21 февруари 1965 година, Малколм Икс бил застрелан додека имал свое обраќање во Харлем во Њујорк.

Автобиографијата на муслиманскиот лидер Малколм Икс, напишана заедно со Алекс Хејли, писателот на романот „Корени“, кој претставува еден од главните дела во афроамериканската литература, се смета за една од најважните автобиографии на 20 век.

Малколм Икс освои голема почит во светот со борбата против расизмот што во тој период преовладуваше во САД, а сè уште продолжува да биде инспирација особено за афроамериканците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın