живот

Село во Сенегал кое им припаѓа само на желките

Името „Keur Mbonatt Yi“, според локалниот јазик во Сенегал значи ‘село на желки’ и претставува природен резерват, во кој живеат околу 250 желки чиј вид се наоѓа пред изумирање

Alaattin Doğru   | 20.02.2019
Село во Сенегал кое им припаѓа само на желките Alaattin Doğru/AA

Dakar

ДАКАР (АА) - АЛАТИН ДОГРУ -

Името „Keur Mbonatt Yi“, според локалниот јазик во Сенегал значи ‘село на желки’ и претставува природен резерват, во кој живеат околу 250 желки чиј вид се наоѓа пред изумирање.

На 45 километри северозападно од Дакар, главниот град на Сенегал, во близина на езерото Ретба (розев остров), едно од значајните туристички места во земјата, на површина од околу 15 хектари, се наоѓа природниот резерват „Keur Mbonatt Yi“, кој годишно го посетуваат повеќе од 10.000 посетители.

Природниот резерват е формиран во 1993 година со финансиска помош на Европската Унија, но до 1996 година резерватот беше затворен за посетители. Ова село е од големо значење за заштита и репродукција на овие џиновски желки, на кои во природни услови им се заканува изумирање.

За 250 желки, од кои 70 се женки, на кои им се заканува изумирање, во природниот резерват се грижат 5 вработени и еден биолог.

Вработените во резерватот им помагаат на желките во размножувањето и исхраната, а за прифатлив надомест им стануваат и водичи на посетителите.

- Досега во природа се пуштени 50 желки -

Едно од местата во селото кое привлекува најголемо внимание е просторот за грижа на кој се чуваат желките до старост од 8 години.

На тој простор постојат 9 дела за млади и 6 дела за возрасни желки.

Дел од желките што ќе се родат тука, откако ќе наполнат 13 години или кога ќе достигнат зрелост, се пуштаат во природа.

Во периодот од 2006 до 2011 година, од природниот резерват во природа се пуштени околу 50 желки.

Во Кеур Мбонат Ји живеат повеќе од 11 видови копнени желки и желки од слатки води.

Желките кои можат да издржат два дена без храна, во резерватот се хранат еднаш дневно. Желките кои можат наеднаш да испијат вода до 1/3 од нивната тежина, со месеци можат да преживеат без да се напијат вода.

Копнените желки достигнуваат тежина до 100 килограми, а нивниот животен век изнесува околу 150 години.

Забранета е трговија со желките, кои во Сенегал се заштитени со закон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın