живот

Руанда: Мотоцикл-такси најпопуларен начин за превоз во градската врева во Кигали

Кигали важи за шарен град во кој е присутен голем сообраќаен метеж, што жителите го избегнуваат со користењето евтин и брз такси-превоз што го нудат мотоциклистите

Mustafa Ünal Uysal   | 24.04.2021
Руанда: Мотоцикл-такси најпопуларен начин за превоз во градската врева во Кигали ( Foto: Mustafa Ünal Uysal / Anadolu Agency )

КИГАЛИ (AA) - МУСТАФА УНАЛ УЈСАЛ 

Мотоцикл-таксито стана еден од симболите на главниот град на Руанда, Кигали, што нуди брз и евтин превоз во екот на сообраќајниот метеж, јавува Агенција Анадолија (АА).

Руанда прогласи независност во 1962 година и со главниот град Кигали важи за африканска ѕвезда во развој. Со 1,3 милиони жители, Кигали е најголем град и најдобар пример за разновидноста на културното богатство на Руанда.

Кигали важи за шарен град во кој е присутен голем сообраќаен метеж, што жителите го избегнуваат со користењето евтин и брз такси-превоз што го нудат мотоциклистите.

Возачите мотоциклисти на такси-превозот носат кациги и истакнати броеви на лиценците, а патникот седи зад нив. Цените претежно се по договор и значително се пониски од традиционалните такси-возила.

Поевтината и попрактична такси-услуга од мотоциклистите стана уште попопуларна во екот на пандемијата на Ковид-19 бидејќи луѓето така го избегнуваат метежот во јавниот сообраќај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın