Турција, живот

Риболовот на замрзната река Мурат во источна Турција

„На овој начин заработуваме за живот. Фаќаме во просек 50-100 килограми риба на ден. Потешко е да се лови риба сега затоа што времето е студено. Во зима тешко се влегува во водата...“

Abdullah Söylemez   | 17.01.2021
Риболовот на замрзната река Мурат во источна Турција Фото: Abdullah Söylemez/AA

АГРИ (АА) - АБДУЛАХ СОЈЛЕМЕЗ -

Жителите на Тутак, кај градот Агри во источна Турција, кои претежно се занимаваат со земјоделство, сточарство и риболов, дури и во зима ловат риба на реката Мурат, со цел да придонесат кон домашниот буџет, јавува Агенција Анадолија (AA).

Иако реката е скоро целосно покриена со мраз поради екстремно ниските температури, локалното население наоѓа начини да продолжи со риболовот и во текот на зимата.

Жителите на селото Батмиш, кое брои околу 40 домаќинства, секоја зима одат на риболов иако реката Мурат честопати е скоро целосно покриена со мраз.

Секое утро, рано, во групи, се упатуваат кон реката и со лопати го кршат мразот на површината на реката за да направат доволно простор за риболов. Потоа во водата фрлаат мрежа што по одреден период ја извлекуваат од реката и обично се радуваат на уловот, иако го прават тоа во многу тешки услови.

Фатените риби ги ставаат во вреќи кои на крајот од денот ги носат дома, а потоа ги продаваат за дополнителна заработка.

Орхан Артиш, рибар што живее во селото Батмиш, за АА изјави дека често е многу студено додека фаќаат риба во текот на зимските денови, додавајќи дека многу селани го поминуваат своето време во риболов во зима.

„На овој начин заработуваме за живот. Фаќаме во просек 50-100 килограми риба на ден. Потешко е да се лови риба сега затоа што времето е студено. Во зима тешко се влегува во водата. Понекогаш мора да влеземе во вода додека го кршиме мразот, што може да биде многу тешко. Што да правиме, се бориме за нашето парче леб“, рече овој рибар.

Истакна дека тие продаваат поголем дел од рибите што ги фаќаат, а остатокот го јадат со своите семејства бидејќи рибите се добри за здравјето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın