живот

Предупредување: Пробиотиците не се лек за сѐ

Претседателот на турското Здружение за пробиотици и пребиотици, Таркан Каракан, рече дека пробиотиците се живи микроорганизими, кои, применети во адекватно количество, имаат поволни ефекти на здравјето.

Duygu Yener  | 13.01.2019
Предупредување: Пробиотиците не се лек за сѐ

Ankara

АНКАРА (AA) - ДУЈГУ ЈЕНЕР -

Експертите предупредуваат дека пробиотиците не се лек за сѐ и дека треба да се користат според упатствата на лекарите.

Претседателот на турското Здружение за пробиотици и пребиотици, Таркан Каракан, во разговор за Anadolu Agency (AA) рече дека пробиотиците се живи микроорганизми, кои, применети во адекватно количество, имаат поволни ефекти на здравјето на човекот.

Појасни дека пробиотиците се всушност корисни бактерии кои помагаат во воспоставувањето на рамнотежна на цревната микрофлора. Додаде дека здравата исхрана ја подобрува цревната микрофлора, но и дека не е исправно луѓето да ги користат пробиотиците без консултација со лекарите.

Укажа и на поврзаноста со низа болести, како што се алергијата на храна, депресијата, нападите на паника, аутизмот, Паркинсовата и Алцхајмерова болест со заболувањето на цревата.

„Бактериите во дигестивниот систем се состојат од корисни и штетни бактерии. Кога е заштитена оваа рамнотежа, вие сте здрави. Но што ја нарушува рамнотежата? Првенствено антибиотиците. Можат трајно да ги уништат корисните бактерии во цревата. Поради тоа треба да се избегнуваат антибиотиците колку што е тоа можно“, рече Каракан.

Појасни дека антибиотиците кои често се користат кај болестите на цревата, и долго по консумацијата имаат влијание на организмот.

Потсети на честите предупредувања за време на користењето на антибиотиците, особено кај децата, и за цревните бактерии, а за кои се прават многу научни истражувања.

„Пробиотиците не се лек за сѐ. Има неколку ситуации кога треба да се користат. Треба да се користат оние за кои има научна основа. Погрешно е мислењето дека се добри за сѐ“, рече Каракан, и повторувајќи ја важноста на пробиотиците, додаде дека и во иднина ќе бидат актуелни терапиите за подобрување на цревната микрофлора.

Појасни дека научниците ги истражуваат цревните болести, аутизмот и други болести, но и врската помеѓу цревните болести и консумацијата на антибиотиците.

На веб страницата на Анадолу Агенсу објавен е дел од системот на проток вести (HAS). За целосни вести, ве молиме контактирајтене за претплата.Abonelik için lütfen iletişime geçiniz.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın