живот

Првиот ресторан со роботи-келнери во Турција

Во Турција почна да работи првиот технолошки ресторан, инспириран од слични ресторани во странство

Çiğdem Alyanak   | 07.11.2019
Првиот ресторан со роботи-келнери во Турција Фото: İslam Yakut/AA

ИСТАНБУЛ (АА) – Технолошкиот ресторан во Атакој, Истанбул, во којшто масите се во вид на таблети, а гостите ги услужуваат роботи, привлекува големо внимание кај посетителите, пишува Anadolu Agency (AA).

Во Турција почна да работи првиот технолошки ресторан, инспириран од слични ресторани во странство.

Гостите во ресторанот, кој работи веќе два месеца во истанбулскиот кварт Атакој, најпрво од дигиталното мени на масите-таблети ја избираат храната што ја сакаат.

Менито што е избрано од гостинот се појавува на екранот на компјутерот, кој се наоѓа во кујната. Потоа јадењата подготвени од страна на готвачот, се ставаат на послужавникот на роботите келнери.

Во ресторанот служат тројца роботи келнери наречени „Рози“ и „Робо“. Роботите кои контактираат со гостите велат: „Јас сум Роз, ова е Вашата чинија. Може ли да ја допрете мојата рака за да се свртам?“

Роботите келнери откако ќе ги услужат гостите се враќаат во кујнскиот дел на ресторанот, чекајќи ја новата задача.

Гостите додека уживаат во своите јадења, може да сурфаат на интернет преку апликациите на масата таблет.

- Најголем интерес покажуваат децата -

Сопственикот на ресторанот, Ердал Демирџи, за АА рече дека ваквите технолошки ресторани ги има видено во Германија, Кина и Јапонија. Откако ги видел таму, почнал да работи на овој проект во Турција.

Демирџи, посочувајќи дека добиле многу позитивни реакции во врска со ресторанот, вели: „Особено децата многу го сакаат ресторанот. Роботите го привлекуваат вниманието и на тие што минуваат пред ресторанот.“

„Покрај тоа што роботите услужуваат, секогаш имаме потреба од луѓе. Ние сме тие што ја развиваме технологијата, но ние сме тие кои треба да управуваме со тоа. Особено нè радува тоа што можеме да ги задоволиме децата“, додаде Демирџи.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın