живот

Почина Сусано, 124-годишната Филипинка, која се сметаше за најстариот човек на планетата

Позната како Лола меѓу нејзините роднини, починала во својот дом во Кабанкалан, на Филипини

Sümeyye Dilara Dinçer   | 24.11.2021
Почина Сусано, 124-годишната Филипинка, која се сметаше за најстариот човек на планетата

АНКАРА (АА) - Франциска Сусано, која се сметаше дека е најстарата личност на планетата и последен сведок од 19 век, почина на Филипините на 124-годишна возраст, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави „Дејли мејл“ (Daily Mail), Сусано, позната како Лола меѓу нејзините роднини, починала во својот дом во Кабанкалан, на Филипини.

Се дознава дека Сусано, за која се верува дека е последниот сведок на 19 век, била во процес на испитување на возраста од страна на Гинисовата книга на рекорди.

Нема информации за причината за смртта на Сусано.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın