Постар палестински пар во Газа се грижи за своите 36 внуци по загубата на пет свои деца во израелските напади
– Во срцето на уништената Газа, Реда и Хамед Алева – постар палестински пар кој загубил пет свои деца во израелските напади – денес се борат да се грижат за своите 36 внуци под очајни услови
СКОПЈЕ (АА) – Во срцето на уништената Газа, Реда и Хамед Алева – постар палестински пар кој загубил пет свои деца во израелските напади – денес се борат да се грижат за своите 36 внуци под очајни услови, јавува Анадолу.
„Мојот најстар син беше убиен додека се обидуваше да донесе лекови за татко му од болница“, раскажува Реда Алева со солзи во очите, додавајќи дека последен пат го бакнала во болницата, во болка и неверување.
Неколку дена подоцна, четири нивни други деца загинале во следниот израелски воздушен напад, додека околу 46 луѓе се криеле во еден единствен шатор. Денес, Реда и нејзиниот сопруг Хамед се единствените кои се грижат за сите нивни внуци, останати без родители.
„Прекинот на огнот постоеше само на телевизија. Во реалноста, бомбардирањето никогаш не престана. Секој ден имаше гранатирање, секој ден страв“, вели таа.
Според договорот за прекин на огнот, палестинската група Хамас ослободи живи 20 израелски заробеници и ги предаде останките на 26 од 28, од кои повеќето беа Израелци.
Втората фаза од планот предвидува обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.
Од октомври 2023 година, во геноцидната војна на Израел се убиени повеќе од 69.000 лица и повредени над 170.600, според податоците на Министерството за здравство во Газа.
