свет, живот

Палестинка сведочи за емоционалната тортура во израелски затвор

Триесет и деветгодишната жена е држена во затвор повеќе од една година, без никакво обвинение

Ekipa   | 25.11.2021
Палестинка сведочи за емоционалната тортура во израелски затвор

КУДС (АА) - Сабах Шорбаи, 39-годишна мајка од Палестина, се обидува да им надомести на своите деца за изгубеното време што го помина во израелски затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).

Рано утрото на 16 јуни 2016 година, десетина израелски војници упаднаа во нејзината куќа во градот Езариа, Источен Кудс (Источен Ерусалим) и без никаква причина ја приведоа.

„Тие агресивно ме раздвоија од моите деца. Ова беше првпат да ги напуштам“, рече таа за АА.

Неколку часа подоцна, таа се нашла во затворот „Офер“ на Западниот Брег каде што е изложена на неколкучасовно испрашување. По зајдисонце, таа е префрлена во затворот „Хашарон“, друг притворен центар.

Шорбаи е помеѓу десетиците жени кои секоја година се апсат од страна на израелските сили за измислени обвиненија.

Според Здружението на палестинските затвореници, во израелските затвори има 37 жени, од кои 8 се мајки.

Таа се сеќава дека останатите затворенички ја повикале да им се придружи на оброкот ифтар (прекинување на постот), бидејќи бил месец Рамазан.

„Плачев цело време мислејќи на моите деца, дали имаа храна“, рече таа.

Повеќе од четири месеци не ѝ е дозволено да им се јави на децата, ниту да има какви било посети.

Ова е јасно кршење на правата.

Според Меѓународниот комитет на Црвениот крст, дозволите за посета на семејствата на затворениците треба да им се издаваат барем три месеци по датумот од притворањето.

По три месеци, таа доби фотографија од нејзините деца бидејќи затворската служба дозволува по пет фотографии на секои два месеци.

„Гледав во нивните слики со часови, обидувајќи се да ги прочитам нивните очи, со надеж дека ќе ги прегрнам еден ден“, рече мајката на четири деца.

На почетокот на октомври таа година, на нејзините деца им беше дозволена посета.

Таа помина четири месеци во административен притвор.

На крајот од овој период, нејзините деца ја чекаа пред контролниот пункт, северно од Западниот Брег, но залудно. Таа не беше ослободена.

Израелските власти го продолжија притворот за уште четири месеци.

„Тоа беше шок за сите нас, ги броев деновите до мојата слобода“, рече таа.

Притворот ѝ беше продолжуван уште четири пати.

На нејзините деца им беа дозволени две месечни посети, при кои со неа се гледаа само преку стакло.

Според правилата на Израелската затворска служба, децата помлади од 6 години имаат право на отворена посета со нивните притворени родители, во траење од 10 минути секој месец.

Било значително тешко за неа, кога нејзините деца ја гледале со лисици на нозете.

„Имаше толку многу прашања во нивните очи. Моето срце гореше секој пат кога ќе помислев на ова.“

Таа конечно беше пуштена во 2017 година и сега студира Право на универзитет со нејзината ќерка.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın