живот

Отворен Меѓународниот саем за играчки во Њујорк

Оваа година, на Саемот кој се организира по 116. пат, своите производи ги презентираат повеќе од 1.000 компании од над 100 земји во светот

Dildar Baykan   | 17.02.2019
Отворен Меѓународниот саем за играчки во Њујорк Atılgan Özdil/AA

New York

ЊУЈОРК (АА) – Во „Центар Џевитс“, едно од местата во кои се одржуваат значајни настани во Њујорк, започна Саемот на играчки на кој учествуваат најпознатите компании за производство на играчки во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Оваа година, на Саемот кој се организира по 116. пат, своите производи ги презентираат повеќе од 1.000 компании од над 100 земји во светот.

На Саемот, кој фасцинира со својата шареноликост, покрај технолошките производи, на посетителите им беа презентирани и класични играчки.

Саемот во Њујорк ќе биде отворен до 19 февруари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın