живот

Националниот парк „Бујратау“ во Казахстан со своите природни карпи ги привлекува посетителите

Почнувајќи од 2011 година, овој национален парк, со површина од 89.000 хектари, доби статус на специјално заштитена зона од страна на државата.

Meiramgul Kussainova   | 05.05.2021
Националниот парк „Бујратау“ во Казахстан со своите природни карпи ги привлекува посетителите ( Foto: Meiramgul Kussainova / Anadolu Agency )

НУР СУЛТАН (АА) - МЕИРАМЃУЛ КУСАИНОВА

Националниот парк „Бујратау“, кој се наоѓа во Казахстан, го привлекува вниманието на посетителите со своите природни карпи, како и поради тоа што тука живеат бројни диви животни и грабливи птици, јавува Агенција Анадолија (АА).

Значењето на зборот „бујратау“ е кадрава планина, а паркот се наоѓа на далечина од 15 километри од казахстанскиот главен град Нур Султан.

Почнувајќи од 2011 година, овој национален парк, со површина од 89.000 хектари, доби статус на специјално заштитена зона од страна на државата.

Меѓу другото, Националниот парк „Бујратау“ со своите природни карпи го привлекува вниманието на домашните и странските туристи.

Во овој парк се наоѓаат вкупно 16 карпести ридови кои имаат интересни форми, а зоната каде што се наоѓаат овие ридови се нарекува „Рид на јастреби“.

Познато е дека на карпестите ридови од многу одамна живеат грабливи птици како орел и јастреб.

Карпата наречена „Јау Шоки“ (Непријателски рид), која е позната по своите бисерни рабови, станува атрактивно место за оние кои сакаат да се фотографираат на работ на бездната. Карпата е висока околу 450 метри, а во исто време е место за качување на планинари.

Исто така, во рамки на границите на Националниот парк се наоѓаат стари гробишта кои датираат од старото бронзено време и од времето на групата номади наречени Сака.

Во овој национален парк има природно живеалиште од 400 хектари каде што живеат различни видови диви животни аргали (планински овци), црвен елен, волк, лисица, и мрмот.

Националниот парк „Бујратау“ од сите страни е украсен со борови дрвја и бреза. Во овој парк живеат 160 вида птици, од кои 20 се ретки, додека во него може да се најдат и 250 вида лековити билки.

Во езерата кои се наоѓаат во рамки на границите на паркот живеат и кадрави пеликани, жолтоклунести лебеди и жерави.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın