живот

Ирак: Чевлар веќе 60 години со страст го работи својот занает

Најстариот мајстор за чевли во Киркук, Сабир, во разговор за Агенција Анадолија (АА) раскажа за тоа како ја започнал професијата, што значи професијата за него и за иднината на неговата професија.

Ali Makram Ghareeb   | 08.02.2021
Ирак: Чевлар веќе 60 години со страст го работи својот занает ( Foto: Ali Makram Ghareeb / Anadolu Agency )

КИРКУК (АА) - АЛИ МАКРАМ ГХАРЕБ -

Осумдесет и петгодишниот Џебар Сабир, кој повеќе од половина век работи како чевлар во Киркук, Ирак, истакна дека оваа професија, за која смета дека е уметност, е неговата најголема страст во животот.

Мајсторот за чевли Сабир е сведок на кралскиот период во Ирак, на режимот на Баас, окупацијата на САД, нападите на ДЕАШ. Тој веќе 60 години секое утро го отвора својот дуќан со ист ентузијазам.

Сабир во својот дуќан од 2 квадратни метри во близина на плоштадот „Џирит“ во Киркук произведува чевли по нарачка и ги поправа старите истрошени чевли.

- „Професијата чевлар за мене е и уметност и страст“

Најстариот мајстор за чевли во Киркук, Сабир, во разговор за Агенција Анадолија (АА) раскажа за тоа како ја започнал професијата, што значи професијата за него и за иднината на неговата професија.

Сабир наведе дека со чевларство започнал да се занимава од многу рана возраст, како чирак кај еден роднина.

Изјавувајќи дека својата работа повеќе ја гледа како уметност и страст отколку како професија, Сабир рече: „Мојата професија истовремено е и уметност и страст за мене.“

- „Направив чевли за важни државници“

Посочувајќи дека бил сведок на многу периоди во Ирак, од кралската ера до режимот на Баас, Сабир рече дека до денес направил чевли за многу државници и истакнати имиња.

„Како резултат на мојата возраст бев сведок на кралскиот, републичкиот период, режимот на Баат и последователните влади во Ирак. Направив или поправив чевли за важни државници и луѓе во сите тие периоди“, раскажува Сабир.

- Исто така има муштерии и надвор од Киркук

Исто така, тој раскажува и дека има многу добра комуникација со своите клиенти и дека има луѓе што доаѓаат надвор од Киркук за да направат чевли или да ги поправат.

„Иако сум во една од најстарите населби на Киркук, луѓето доаѓаат од далечни места за да нарачаат чевли. Затоа што покрај мојата уметност, убав е и мојот морал. Имам муштерии мажи, жени, стари, млади и деца“, вели Сабир.

- „Растев 10 деца со чевларството“

Изјавувајќи дека се оженил по завршувањето на воената служба, Сабир рече дека ги пораснал своите 10 деца благодарение на оваа работа.

„Јас многу ја сакам мојата професија. Мојата професија е мојата гордост. Ако луѓето не ја сакаат својата работа, значи не го сакаат ниту животот. Оваа професија беше корисна за мене. Ја работам непрекинато 60 години. Растев 10 деца со чевларството, од кои една ќерка, имам 15 внуци и големо семејство“, нагласи чевларот Сабир.

Изјавувајќи дека професијата чевлар не изумира, Сабир рече дека чевлите што ги прави тој им овозможуваат на луѓето подобро да чекорат и да напредуваат во својот живот.

- „Мајките и татковците повеќе не ги даваат своите деца како чираци на чевлар“

Сабир истакна дека нема веќе чираци кои сакаат да ја научат професијата чевлар.

„Иако е професија којашто не изумира, следните генерации не можеме да ги научиме да ја работат оваа професија. Мајките и татковците повеќе не ги даваат своите деца како чирак на чевлар. Ете, тоа ми е жал“, порача Сабир во разговорот за АА.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın