живот

Експерти: Постот без станување на сахур може да го направи имунолошкиот систем поранлив и послаб

„За да го одржиме имунолошкиот систем силен, секако би требале да го вклучиме свежиот зеленчук и овошје за ифтар и сахур", истакнува Гизем Генчјурек, нутриционистка од Универзитетската болница „Медипол Пендик“ од Истанбул

Muhammet Emin Horuz   | 13.04.2021
Експерти: Постот без станување на сахур може да го направи имунолошкиот систем поранлив и послаб

ИСТАНБУЛ

Постот без станување на сахур (оброк пред изгревањето на Сонцето) може да го направи имунолошкиот систем поранлив и послаб, а за да се одржи силен на сахурските и ифтарските софри неопходно е да има свеж зеленчук и овошје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Гизем Генчујрек, нутриционистка од Универзитетската болница „Медипол Пендик“ од Истанбул, предупреди за важноста на одржувањето силен имунолошки систем во текот на Рамазан, особено во време на пандемијата на Ковид-19. Нагласува дека во таа смисла е многу важна правилната исхрана за сехур и ифтар.

„Со оглед на тоа дека живееме во пандемија, во ваквиот процес стана уште поважно да се обрати внимание на храната што ќе ја консумираме за сехур и ифтар. И во текот на месец Рамазан можно е да се зајакне имунолошкиот систем со правилна исхрана“, рече Генчјурек.

Нагласува исто така на исклучителната потреба од консумирање храна како јогурт и кефир, кои спаѓаат во пробиотиците.

„Квалитетните извори на протеин како месо, јајца и риба треба да бидат вклучени во нашата исхрана. Секако на трпезата за сахур и ифтар би требале да ја додадеме црвената пиперка, магдонос, лимон и портокали, кои се добри извори на витамин Ц“, појасни Генчјурек.

Таа предупреди дека постот без станување на сахур може да го направи имунолошкиот систем поранлив и послаб.

„За да го одржиме имунолошкиот систем силен, секако би требале да го вклучиме свежиот зеленчук и овошје за ифтар и сахур. Консумирање здрави извори на масти како што се маслиново масло, кокосово, односно лешник, бадеми и ореви. Да се избегнуваат едноставни извори на јаглехидрати, како што се пакувана храна, печива, газирани пијалаци, а наместо тоа да се свртиме кон извори на јаглехидрати од житарки. Од ифтар до сахур треба да консумираме два литри вода и да обрнеме внимание на начинот на спиење“, порача Генчјурек.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın