свет, живот

Градот Ауровил - меѓународна „утопистичка“ заедница од 124 нации

Градот од 20 квадратни километри, исто така познат и како Град на Зората, се наоѓа во близина на Пондичери, во јужниот дел на Индија

Sena Güler   | 20.02.2019
Градот Ауровил - меѓународна „утопистичка“ заедница од 124 нации Фото: Матримандир, големата медитациска просторија од позлатени дискови, физичкиот и духовен центар на Ауровил.

Ankara

АНКАРА (АА) - Единствената експериментална заедница, мало гратче кое се наоѓа на периферијата на јужна Индија, со голем број активности се подготвува да ја одбележи 51. годишнина од своето постоење, пишува Anadolu Agency (AA).

Градот од 20 квадратни километри, исто така познат и како Град на Зората, се наоѓа во близина на Пондичери, во јужниот дел на земјата.

Ауровил бил замисла на Мира Алфаса, Французинка локално позната како Мајка, која била инспирирана од нејзиниот близок пријател Шри Ауробиндо, индиски филозоф и јога-гуру.

Алфаса во една пригода го опиша мотивот зад Ауровил, како населба каде што може да се реализира „човечко единство“.

„Ауровил се стреми да биде универзален град каде што мажите и жените од сите земји можат да живеат во мир и прогресивна хармонија над сите верувања, политиката и сите националности“, беше цитирана таа на официјалната веб-страница на градот.

Градот официјално беше создаден на 28 февруари 1968 година со учество на млади лица од 124 нации, вклучувајќи и неколку индиски земји, во церемонија во која младите лица носеа соодветни знамиња и почва од нивните земји.

„Претставниците донесоа почва од нивната татковина, да биде измешана во бела мермерна урна во форма на лотос, која сега се наоѓа во фокусна точка на Амфитеатарот“, пишува на официјалната веб-страница.

Изграден на ненаселено парче земја од пустината, Ауровил по неговото основање е признаен и поддржан од страна на УНЕСКО.

Малото гратче создадено од луѓето, се состои од четири зони: индустриска зона, меѓународна зона, културна и станбена зона.

Матримандир, големата медитациска просторија изградена од позлатени дискови, е и физички и духовен центар на населеното место.

Во Ауровил не постои влада, валута или религија.

- Цели кои допрва треба да се реализираат -

Жителите на Ауровил на 28 февруари традиционално планираат да ја одбележат 51. годишнина со палење оган во централниот дел на Амфитеатарот, како и со голем број други активности.

Дивија, еден локалните жители, на медиумскиот портал на Ауровил, „OutreachMedia“, изјави дека локалните жители ќе започнат со прославување по овој повод една недела пред денот на одбележувањето на годишнината.

„Од 21 февруари до 8 март ќе имаме голем број уметнички изложби и инсталации, како и „Уметнички камп“, танго-фестивал и концерт на хорот „Ауровил“, изјави Дивија за АА.

Жителите од Ауровил обично не користат презиме, туку само се нарекуваат по нивното име, бидејќи тоа претставува обичај во индиската земја Тамил Наду, каде што се наоѓа овој град.

Жил, кој работи во архивот на заедницата, рече дека целта на Ауровил да се постигне човечко единство и светски мир допрва ќе биде реализирана на Земјата.

Тој додаде дека и покрај тоа што ќе биде потребно време идеалот да стане реалност, жителите на Ауровил прават обиди во оваа насока.

Нагласувајќи дека градот е добро поврзан со надворешниот свет, тој рече дека градот не би постоел и не би се развивал доколку жителите кои живеат во близина не би биле среќни со постоењето на Ауровил.

„Се разбира, секогаш ќе има некои луѓе кои ќе кажат дека Ауровил треба да стори повеќе, но, во голема мера, Ауровил има прилично добар однос со соседните села“, додаде тој.

Хелмут, поранешен член на Работниот комитет (една од групите задолжена за управување со градот), изјави дека Ауровил им посакува добредојде на посетителите од цела Индија и светот, но дека градот сè уште не се смета за туристичка атракција.

На веб-страницата на градот пишува дека градот не бил заинтересиран за привлекување гоелм број луѓе, како дел од проектот во согласност со желбите на Мајката.

Хелмут додаде дека градот годишно го посетуваат околу еден милион лица на краток или подолг период.

„Ауровил не е општина, тоа е град во развој, планиран за 50.000 жители. Ние сме отворени за секого кој ќе се обврзе на централниот идеал за човеково единство“, изјави тој.

Тој додаде дека градот во моментов има околу 3.000 постојани жители од над 55 земји, со застапеност на сите континенти.

- Криминал и корупција-

Според повелбата на Ауровил, која првично била напишана на француски јазик од страна на Мајката, општината не припаѓа на некоја одредена личност или група, туку на „човештвото како целина“.

Сепак, по смртта на Мајката во 1973 година е појавиле несогласувања меѓу луѓето, а Фондацијата „Ауровил“ (орган назначен од страна на индиската Влада), стана одговорна за земјиштето и имотот.

Постоеја неколку случаи за грабеж, сексуално вознемирување, убиство и корупција во градот во последниве години, нарушувајќи го неговиот имиџ.

Хелмут ги отфрли овие тврдења и изјави дека кривичните дела биле извршени од лица кои не се од Ауровил.

„Целата оваа област - вклучувајќи ги и соседните села и малите градови - е позната под името „Ауровил“, па доколку е пријавено сериозно злосторство во име на Ауровил, тоа не мора да значи дека е поврзано со овој проект“, рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın