живот

Бледско Езеро во Словенија - спој на природата и историјата

Бледското Езеро е долго 2.120 метри, широко 1.380 метри, со најголема длабочина од 30,6 метри. Езерото изобилува со природни убавини, опкружено со планини и шуми

Admir Fazlagic   | 11.01.2020
Бледско Езеро во Словенија - спој на природата и историјата ( Foto: Admir Fazlagic/ Anadolu Agency )

БЛЕД (АА) - Адмир Фазлагиќ -

Словенија е држава позната по своите природни убавини, а меѓу нејзините најпознати туристички дестинации е Бледското Езеро, кое претставува спој на природата и историјата, што го прави ова место да биде вистинска атракција за туристите не само од регионот на Балканот, туку и од Европа и пошироко, пишува Агенција Анадолија (АА).

Бледското Езеро (Ледничко Езеро) се наоѓа во Јулиските Алпи во северозападна Словенија, во состав на истоимената општина Блед. Местото е оддалечено 55 километри од словенечката престолнина Љубљана. Според познатите податоци, Бледското Езеро е долго 2.120 метри, широко 1.380 метри, со најголема длабочина од 30,6 метри.

Езерото изобилува со природни убавини, опкружено со планини и шуми.

Бледско Езеро во Словенија - спој на природата и историјата

БЛЕД (AA) - Словенија е држава позната по своите природни убавини, а меѓу нејзините најпознати туристички дестинации е Бледското Езеро, кое претставува спој на природата и историјата, што го прави ова место да биде вистинска атракција за туристите не само од регионот на Балканот, туку и од Европа и пошироко. ( Admir Fazlagikj - Агенција Анадолија )

Возењето со чамец е една од првите атракции за посетителите на Блед, кои на тој начин можат да стигнат до единствениот природен остров во Словенија. Островот се наоѓа сред Бледското Езеро. На ова место се наоѓа црква изградена во 15 век.

Една од највпечатливите знаменитости во Блед е Бледскиот замок, сместен на северниот брег од езерото. Замокот се наоѓа 130 метри над Бледското Езеро. Во написите за Бледскиот замок може да се најде дека во пишаните историски извори стои дека овој замок датира од 10 век и е највисок, а воедно и најстар замок во Словенија. 

Од ова место посетителите имаат извонреден поглед на езерото и околината, а бројните туристи не ја пропуштаат можноста да се фотографираат на ова атрактивно место за нив. Блед е привлечна дестинација за сите оние посетители кои се заинтересирани за долги прошетки, планинарење, возење со велосипед, истражување на културата и природните убавини.

Посебна убавина на езерото му даваат белите лебеди, кои со својот прекрасен изглед го привлекуваат вниманието на посетителите. Исто така, она што ги прави посебни Блед и Бпедското Езеро е што во сите четири годишни времиња на посетителите им се нудат различни можности за уживање.

Во зимските денови, во непосредна близина на Бледското Езеро се наоѓа и шеталиште каде што е направен базар за новогодишните и божиќните празници, на кој можат да се купат различни предмети кои се рачна изработка од локалното население.

Меѓу останатите занимливости од Блед се и младите улични музичари кои со традиционалните словенечки песни и игри на своевиден начин ја промовираат културата на Словенија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın