живот

Белгија: Sвончињата во шумата Халербос ги импресионираат посетителите

Туристите од целиот свет доаѓаат за да уживаат во убавината на овој предвесник на пролетта и за да забележат восхитувачки фотографии, особено во раните утрински или вечерни часови.

Dursun Aydemir   | 25.04.2021
Белгија: Sвончињата во шумата Халербос ги импресионираат посетителите ( Foto: Dursun Aydemir / Anadolu Agency )

БРИСЕЛ

Со доаѓањето на пролетта, природата го покажува својот посебен раскош. Sвончињата во април во шумата Халербос, во Белија, им даваат чувство на посетителите дека се наоѓаат во бајка.

Овој простор од 552 хектари, наречен и Сина шума, прекриен е со милиони диви ѕвончиња што импресионираат со својата раскошна боја и мирис.

Туристите од целиот свет доаѓаат за да уживаат во убавината на овој предвесник на пролетта и за да забележат восхитувачки фотографии, особено во раните утрински или вечерни часови.

Возењето со велосипед на патеките на 250 хектари или прошетката на означената патека за шетање од седум километри, им нудат на посетителите можност за опуштање во природен амбиент и потсетуваат дека природата може да делува и терапевтски доколку знаеме да ја чуваме.

Фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА) ја забележа оваа убава глетка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın