економија

„Џенерал моторс“ го предупреди Трамп за дополнителните царински давачки

Во писмото што „Џенерал моторс“ го испрати до Министерството за трговија, се зборува за најавата на Трамп дека од идната недела ќе се воведат дополнителни царински давачки, во висина од 20% на автомобилите увезени од Европа.

Övünç Kutlu   | 30.06.2018
„Џенерал моторс“ го предупреди Трамп за дополнителните царински давачки

New York

ЊУЈОРК (АА) - Американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“ (General Motors) предупреди дека доколку претседателот Трамп ги воведе дополнителните царински давачки за автомобилите увезени од Европа, тоа може да предизвика помали инвестиции во компанијата, намалување на работните места и пад во висината на платите, јавува Anadolu Agency (AA).

Во писмото што „Џенерал моторс“ го испрати до Министерството за трговија, се зборува за најавата на Трамп дека од идната недела ќе се воведат дополнителни царински давачки, во висина од 20% на автомобилите увезени од Европа.

Во писмото се вели дека зголемените царински давачки ќе се отсликаат врз трошоците и на потрошувачите ќе им се понудат возила со повисоки цени, што ќе предизвика намалување на побарувачката за нови возила.

Од друга страна, во писмото се вели дека доколку „Џенерал моторс“ не ја зголеми цената на возилата поради дополнителните царински давачки, тогаш тоа ќе предизвика помали инвестици, намалување на работните места и пад во висината на платите.

Во писмото се вели дека помалите инвестиции и намалената работна сила може да бидат закана за лидерството на САД во автомобилската индустрија, и се истакнува дека царисните давачки ќе го намалат присуството на „Џенерал моторс“ во САД и во странство.

Покрај тоа, во писмото се наведува дека „Џенерал моторс“, кој во САД вработува околу 110.000 лица, од 2009 година досега во земјата инвестирал повеќе од 22 милијарди долари.

Минатиот петок, претседателот Трамп, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер, сподели пост во кој вели дека доколку земјите од Европската Унија не ги отстранат тарифите и трговските бариери насочени кон САД, тогаш за автомобилите увезени од Европа ќе бидат воведени дополнителни царински давачки, во висина од 20%.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.