економија

„Хонда“ ќе ги затвори производствените капацитети во Велика Британија

„Хонда“ во 2022 година ќе го затвори својот производствен капацитет во Свиндон во југозападниот дел на Англија.

Gökhan Kurtaran   | 19.02.2019
„Хонда“ ќе ги затвори производствените капацитети во Велика Британија

London, City of

ЛОНДОН (АА) - Јапонската автомобилска компанија „Хонда“ („Honda“) ја соопшти својата одлука дека ќе ги затвори своите производствени капацитети во Велика Британија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на британскиот „Би-би-си“ (BBC), „Хонда“ во 2022 година ќе го затвори својот производствен капацитет во Свиндон во југозападниот дел на Англија.

Во веста која се заснова на пратеникот Џастин Томплинсон од владејачката конзервативна партија, со затворањето на производствените капацитети 3.500 лица ќе останат без работа. Премиерката Тереза Мај ќе ја оцени состојбата по официјалната изјава од „Хонда“.

„Во последните 20 години автомобилската индустрија во Велика Британија беше скапоцениот камен на преработувачката индустрија. Во моментот е во опаѓање поради несигурноста предизвикана од хаосот со Брегзит настанат од стабилниот став на премиерката Меј“, истакна Дес Квин, претставник на Јунајт, водечки синдикат во земјата.

Во производствен капацитет на „Хонда“ во Свиндон, годишно се произведуваа околу 160.000 модели „Honda Civic“.

Околу 90 проценти од производството се извезуваше во Европската Унија (ЕУ) и во САД.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın