економија

„Трговската војна ја води светската економија во загуба од 2 трилиона долари“

„Фич Рејтингс“ наведува дека преземањето на едностраните мерки од сите страни на меѓународниот пазар доведува до раст на ризикот и до почувствителни влијанија на глобалната економија

Gökhan Kurtaran   | 04.07.2018
„Трговската војна ја води светската економија во загуба од 2 трилиона долари“

London

ЛОНДОН (АА) - Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич Рејтингс“ (Fitch Ratings) предупреди дека интензивирањето на трговската војна започната со воведување на американските царини, светската економија би можело да ја чини и 2 трилиона долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Во пишаното соопштение на „Фич Рејтингс“ се наведува дека преземањето на еднострани мерки од сите страни на меѓународниот пазар доведува до раст на ризикот и до почувствителни влијанија на глобалната економија.

Потсетувајќи дека САД воведоа царини од 25 отсто на автомобилите увезени од Кина, и дека Кина и другите американски трговски партнери возвратиле со реципрочни мерки, во соопштението на „Фич Рејтингс“ се наведува дека моментално се подготвува сценарио на рушење на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA), а што на крајот би можело глобалната трговија да ја чини и до 2 трилиона долари.

Тензиите на глобалната трговска сцена ги предизвикаа одлуките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој со воведувањето на царините и другите даноци сака да го намали трговскиот дефицит на САД со Кина, ЕУ, Канада и Мексико. Американските царини, во прв ред, се однесуваат на алуминиумот, челикот и на производите од автоиндустријата. Другите страни возвратија со воведување и најави за нови царини на американските производи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın