економија

„Русија не испорачува само воена техника, туку и купува во Србија“

На пленарниот состанок на двајцата претседатели, на кој присуствуваат и делегациите на Русија и Србија, Путин изјави дека Русија веројатно е еден од најголемите, а можеби и најголем инвеститор во економијата на Србија.

Bojana Stojanovic  | 17.01.2019
„Русија не испорачува само воена техника, туку и купува во Србија“

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Русија не само што испорачува воена техника, туку и купува во Србија, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, изразувајќи надеж дека во текот на денешниот ден ќе бидат создадени услови за понатамошна соработка на двете земји во повеќе области, јавува Anadolu Agency (AA).

На пленарниот состанок на двајцата претседатели, на кој присуствуваат и делегациите на Русија и Србија, Путин изјави дека Русија веројатно е еден од најголемите, а можеби и најголем инвеститор во економијата на Србија.

Тој истакна дека односите на двете земји се развиваат во многу правци, наведувајќи ја транспортната инфраструктура, образованието...

„Јас би изразил надеж дека и во текот на нашата денешна работа ќе бидат создадени услови за наша понатамошна соработка“, изјави тој.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на досегашните разговори се разгледани речиси сите теми, истакнувајќи уште еднаш благодарност до Путин и Русија за поддршката кон Србија, српскиот народ, како и за зачувувањето на територијалниот интегритет на Србија.

„Нашето пријателство е и во многу конкретни бројки, кои се отсликуваат и во трговската размена, и би кажал дека нашата соработка денес е поразлична, пообемна и посеопфатна отколку што беше претходно“, наведе тој.

Според неговите зборови, соработката се одликува со добро разбирање во сите области, особено во енергетиката, воената соработка, областа на инфраструктурата, сообраќајот, но и во образованието, културата, туризмот и во сите други сфери.

Вучиќ изрази уверување и дека постои простор за понатамошно унапредување на трговската соработка и на уште многу области.

„Сакам да порачам на рускиот народ дека Русите, во Србија секогаш имаат искрени, добри пријатели, и би ја искористил можноста да ги повикам Русите во што поголем број да ја посетуваат Србија, бидејќи сметаме дека бројот на туристите од таа земја може да биде уште поголем“, додаде тој.

Тој изјави и дека повеќе од 30.000 луѓе кои на централните белградски улици го чекаат Путин, го покажува односот на српските граѓани и народот кон Русија.

По состанокот следува размена на потпишани документи, а Путин на Вучиќ ќе му врачи орден „Александар Невски“.

Постоа следува медиумско обраќање на двајцата лидери.

Во текот на денот е планирана и посета на Храмот „Свети Сава“ во главниот град на Србија.

Откако слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, Путин, придружуван од претседателот Вучиќ, положи венци на Гробиштата на ослободителите на Белград и на Споменикот на Црвеноармеецот.

Претседателот на Руската Федерација во главниот град на Србија престојува по четврти пат. За последен пат во Белград престојуваше во 2014 година, како почесен гостин на воената парада по повод 70 години од ослободувањето на Белград во Втората светска војна и 100 години од почетокот на Првата светска војна.

Поради неговата посета се преземени највисоки мерки на безбедност.

Во чест на неговото доаѓање, главните сообраќајници во Белград се украсени со српски и руски знамиња, а низ градот се поставени и билборди во знак на пријателството на двете земји.

На веб страницата на Анадолу Агенсу објавен е дел од системот на проток вести (HAS). За целосни вести, ве молиме контактирајтене за претплата.Abonelik için lütfen iletişime geçiniz.