економија

Централните банки на Турција и ОАЕ потпишаа Меморандум за соработка

„Во рамките на Меморандумот, двете централни банки се стремат да спроведат активности за поттикнување на соработката на полето на централното банкарство“

Aysu Biçer   | 25.11.2021
Централните банки на Турција и ОАЕ потпишаа Меморандум за соработка

АНКАРА (АА) - Централните банки на Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) потпишаа договор за соработка, се вели во соопштението на Турската Централна Банка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Во рамките на Меморандумот, двете централни банки се стремат да спроведат активности за поттикнување на соработката на полето на централното банкарство“, рекоа тие.

Договорот е потпишан среде објавите дека ОАЕ е подготвена за реализација на големи инвестиции во Турција.

Турција и ОАЕ потпишаа вкупно 10 договори од полето на енергетиката, животната средина, финансиите и трговијата за време на вчерашната посета на престолонаследникот на Абу Даби, шеикот Мухамед бин Зајид ал Нахјан во Анкара.

ОАЕ, исто така, одвои фонд од 10 милијарди долари за директни инвестиции во Турција, објави главниот извршен директор на „Абу Даби дивелопмент холдинг“

Престолонаследникот пристигна во Анкара на покана на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Тоа беше прва посета на Турција од 2012 година и прв состанок на највисоко ниво помеѓу ОАЕ и Турција во последните години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.