свет, економија

Цената на гасот во Европа за две недели поскапе за 60 отсто

Договорната цена на гасот за јули, со која се тргува на ТТФ, холандската виртуелна точка за тргување со природен гас со најголема длабочина во Европа, почна вчера од 124,60 евра за мегават/час

Zeynep Beyza Kılıç  | 23.06.2022 - Обновена : 27.06.2022
Цената на гасот во Европа за две недели поскапе за 60 отсто

АНКАРА (АА) - Цената на мегават/час природен гас, со кој на 8 јуни во Европа се тргуваше по 79,40 евра, вчера се зголеми за 60 отсто, на 127,17 евра, јавува Агенција Анадолија (АА).

Договорната цена на гасот за јули, со која се тргува на ТТФ, холандската виртуелна точка за тргување со природен гас со најголема длабочина во Европа, почна вчера од 124,60 евра за мегават/час.

Цената на мегават/час природен гас, со кој на 8 јуни во Европа се тргуваше за 79,40 евра, го достигна најниското ниво на затворање во последните четири месеци од почетокот на Руско-украинската војна. Така, цената на мегават/час гас, која вчера порасна на 127,17 евра, за две недели порасна за 60 отсто.

Цената на мегават/час природен гас го затвори денот на 124,36 евра на 16 јуни, што е највисоко ниво од 31 март.

Намалувањето на количеството природен гас што Русија го испраќа во Европа и затворањето на терминалот „Фрипорт ЛНГ“ во американската сојузна држава Тексас поради пожарот се одрази на поскапувањето на природниот гас.

Руската енергетска компанија „Гаспром“ на 14 јуни објави дека испораките на гас за Европа преку линијата „Северен тек“ се намалени од 167 милиони на 100 милиони кубни метри. „Гаспром“ објави и дека од 16 јуни преку линијата дневно може да се испорачува до 67 милиони кубни метри природен гас.

Во претходното соопштение на компанијата се наведува дека испораките преку гасоводот „Јамал-Европа“ се прекинати, а испораките преку Украина се намалени за околу половина.

„Гаспром“ испорачува гас на Европа преку „Северен тек“, гасоводот „Јамал-Европа“ и гасоводот во Украина.

Претходно руската компанија ја прекина и испораката на природен гас за Полска, Бугарија, Данска, Финска и Холандија бидејќи одбија да платат во рубли.

Друг настан кој влијаеше на глобалните пазари на природен гас беше најавата дека постројките ќе бидат затворени најмалку три недели поради пожар што избувна на терминалот „Фрипорт ЛНГ“ во Тексас на 9 јуни во САД. Во следното соопштение е наведено дека објектот нема да може да се отвори пред крајот на годината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.