економија

Фолксваген оствари рекордна продажба во 2018 година

Во 2018 година VW-групацијата продаде 10,83 милиони возила, а најголем пораст е забележан во испораките на SUV-моделот.

Ekip   | 11.01.2019
Фолксваген оствари рекордна продажба во 2018 година

Frankfurt

ФРАНКФУРТ (AA) - Германскиот произведувач на автомобили „Фолксваген“ (VW) објави дека уште еднаш остварил рекордна годишна продажба. Во 2018 година VW-групацијата продаде 10,83 милиони возила, а најголем пораст е забележан во испораките на SUV-моделот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Компанијата која ги произведува брендовите фолксваген, ауди, шкода, седат и други, во 2017 година имаше рекордни 10,74 милиони продадени автомобили.

За титулата најголем светски произведувач на автомобили VW-групацијата се бореше со сојузот „Рено-Нисан-Мицубиши“, кој објави дека тој е број еден во светот со 10,6 милони продадени возила, бидејќи германската компанија не би требала да ги брои продадените камиони.

Групацијата „Рено-Нисан-Мицубиши“ податоците за продажбата во 2018 година ќе ги објави наредните денови.

Кристијан Далхајм, директор на маркетинг на VW, истакна дека компанијата ги надминала проблемите околу добивањето сертификат за автомобили по новите прописи за емисија во Европа.

Далхајм тоа го нарече одличен резултат, нагласувајќи дека на компанијата веќе не ѝ е примарна цел да биде најголем светски произведувач на автомобили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın