економија

Турција: Црноморскиот лосос извезен во 23 земји во првиот месец од 2021 година

Исмаил Кобја, член на Управниот одбор на Здружението на извозници на источно Црно Море и претседател на Комитетот на секторот за риболов, во изјавата за АА истакна дека црноморскиот лосос е многу баран на странските пазари

Meltem Yılmaz Karakurum   | 24.02.2021
Турција: Црноморскиот лосос извезен во 23 земји во првиот месец од 2021 година

ТРАБЗОН (АА) – МЕЛТЕМ ЈИЛМАЗ КАРАКУРУМ

Турција во јануари 2021 година извезе црноморски лосос во вредност од 19.811.819 долари во повеќе земји, на чело со Русија, Германија и Виетнам, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според Здружението на извозници на источно Црно Море (DKİB), во првиот месец од годината продадени се 3.980 тони црноморски лосос во 23 земји.

Извозот на црноморскиот лосос се зголеми за 87 проценти во споредба со јануари 2020 година. Приходот од извоз достигна 19.811.819 долари.

Црногорскиот лосос најмногу е продаден во Русија, Германија и Виетнам.

Во првиот месец од годинава, во Русија се извезени 2.443 тони црноморски лосос за 11.658.150 долари. По Русија следуваат Германија со 5.148.575 долари и Виетнам со 1.151.726 долари.

Црноморскиот лосос оваа година е продаден и на Белорусија, Азербејџан-Нахчиван, Израел и Јордан.

Исмаил Кобја, член на Управниот одбор на Здружението на извозници на источно Црно Море (DKİB), и претседател на Комитетот на сектор за риболов, во изјавата за АА истакна дека црноморскиот лосос, кој се одгледува во кафези во Црното Море и популарно познат како „виножито пастрмка“, е многу баран на странските пазари.

Истакнувајќи дека извозот на црноморскиот лосос започнал уште во првиот месец од годината, Кобја рече дека нивните очекувања од наведениот извоз се големи и дека лососот, кој во моментов се продава на Русија, Германија и Виетнам, и понатаму ќе биде баран од многу земји.

Кобја наведе дека производствениот капацитет треба да се зголеми бидејќи побарувачката ќе биде поголема во наредните години, при што рече:

„Но, бирократските проблеми што се појавуваат во релевантните министерства за добивале дозволи за производство ги обесхрабруваат извозниците. Неизбежно, оваа состојба негативно се одразува на извозот.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.