Турција, економија

Турција оствари извоз на автобуси и минибуси од речиси 1 милијарда долари

Поголемиот дел од продажбата е реализирана во земјите на Европската Унија - Франција (154,8 милиони долари), Германија (147,1 милион долари) и Италија (89,6 милиони долари)

Aysu Biçer   | 23.09.2020
Турција оствари извоз на автобуси и минибуси од речиси 1 милијарда долари

БУРСА (АА) - Турција од јануари до август годинава оствари извоз на автобуси, минибуси и мидибуси во вредност од 916,5 милиони долари во 87 земји во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Поголемиот дел од продажбата е реализирана во земјите на Европската Унија - Франција (154,8 милиони долари), Германија (147,1 милион долари) и Италија (89,6 милиони долари), покажуваат податоците на Здружението на извозници од автоиндустријата „Улудаг“.

Извозот во Мароко, земја која беше четврта на листата, се зголеми за 27,79 отсто во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 35,6 милиони долари.

Продажбата во Чешка изнесува 26,5 милиони долари, што претставува раст од 112 отсто во осуммесечниот период, додека извозот во Русија порасна за 376,11 отсто, достигнувајќи 23,3 милиони долари.

Извозот во Мексико, пазар кој е во развој, се зголеми за 244,32 отсто и достигна 15,2 милиони долари, за разлика од периодот јануари - август минатата година кога беше реализиран извоз од 4,4 милиони долари.

Според Канцеларијата за инвестиции на турското Претседателство, Турција е на петтото место на европската листа на производство на возила, а вкупниот обем на инвестиции на глобалните брендови во автоиндустријата во земјата од 2000 година достигна 15 милијарди долари.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.