Турција, економија

Турција: Над 20 отсто пораст во основањето нови компании во 2020 година

Вкупно 87.258 фирми со ограничена одговорност основани минатата година учествуваат со 68,80 отсто од вкупниот капитал, додека 14.046 акционерски друштва сочинуваат 31,19 отсто

Aysu Biçer   | 22.01.2021
Турција: Над 20 отсто пораст во основањето нови компании во 2020 година

АНКАРА (АА) - Турската унија на комори и стокови берзи соопшти дека во Турција во 2020 година биле основани вкупно 101.318 нови компании, што е пораст од 20.47 отсто на годишно ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бројот на компании кои се затворија минатата година изнесува 15.366, што претставува раст од 16,44 отсто, покажуваат податоците објавени од Турската унија на комори и стокови берзи.

Вкупно 87.258 фирми со ограничена одговорност основани минатата година учествуваат со 68,80 отсто од вкупниот капитал, додека 14.046 акционерски друштва сочинуваат 31,19 отсто.

Вкупниот капитал на компаниите основани во декември се зголеми за 25,44 отсто од ноември.

Бројката за основање на нови компании забележа месечно намалување од 2,21 отсто, на 8.477 во декември.

Околу 3.160 компании прекинаа со работа минатиот месец, што е за 221,46 отсто повеќе од претходниот месец.

Најдобрите три области на работење за новите компании се трговијата, производството и градежништвото.

Во декември беа основани 872 компании со странски партнери - 376 имаат турски партнери, 77 имаат ирански партнери, а 29 имаат сириски партнери.

Според извештајот, капиталните инвестиции на странските партнери сочинуваат 78,60 отсто од вкупниот капитал на странските заеднички вложувања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.